Ботас верува дека ќе продолжи соработката со Мерцедес

0

Валтери Ботас е уверен дека Мерцедес ќе му го продолжи договорот и за следната сезона во Формула 1. Финецот објасни дека нема резервен план доколку сребрената стрела одлучи поинаку.

Ботас во почетокот на сезоната дојде на местото на пензионираниот, Нико Розберг и досега се претставува исклучително добро. Неговиот договор со Мерцедес е за една година, но, најверојатно ќе му биде продолжен.

„Се чувствувам добро во тимот и досега сум добивал само позитивен фит-бек. Не се плашам. Искрено, дури не барам друго место. Сакам односите со Мерцедес да се долгорочни и во моментов тоа ми е приоритет”, изјави Валтери.

Share.

Leave A Reply