Невеорјатниот Џејмс Харден стана само четвртиот кошаркар во последните две децении кој успеал во низа на пет последователни средби во регуларниот дел од НБА лигата да постигне најмалку 35 поени.
На синоќешниот меч со екипата на Бостон, популарната „Брада“ стигна до нови 45 постигнати поени и го предводеше својот состав до нова победа на домашен терен. Тоа беше веќе шести меч за него на кој успева да ја пробие границата од 35 поени.
Претходно, само Коби Брајант со Лос Анџелес Лејкерс имаше 13 такви средби по ред во сезоната 2002/03), Леброн Џејмс во Кливленд Кавалиерс 9 во сезоната 2005/06 и Кармело Ентони во Њујорк Никс 6 за сезоната 2012/13.