Легендата на светската кошарка, Коби Брајант, го загубил животот рано изутрината во хеликоптерска несреќа заедно со уште четири лица, објавија дел од медиумите во САД.
Засега нема детали за несреќата а полицијата го истражува случајот. Идентитетот на другите лица не е познат. Неофицијално, со него во хеликоптерот не била неговата сопруга Ванеса . Брајант кој беше на 41 годишна возраст, беше легенда на Лос Анџелес Лејкерс.
Така наречената – „Црната Мамба“ ја заврши кариерата со 5 титули во НБА лигата а двапати беше прогалсен и за најкорисен играч (МВП) во големото финале.