Брајтон го урива клупскиот трансфер рекорд

0

Брајтон ќе го урне трансфер рекордот за најскапо клупско засилување, откако ќе го комплетира трансферот на напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Јирген Локадија.

24-годишниот играч синоќа се договори со клубот, а денеска ќе парафира договор на четири и пол години.

За неговите права беа платени рекордни 14,1 милиони фунти. Во оваа сезона, Локадија постигна 9 гола на 15 натпревари за својот досегашен тим. Тој најверојатно во Брајтон ќе го добие и дресот со број 25.

Share.

Leave A Reply