Браун ја доби довербата на челниците на тимот

0

Кошаркарскиот состав на Филаделфија нема да го промени тренерот иако загуби од Торонто во полу-финалето на Источната конференција во НБА лигата, објави –„ ESPN“.

„Сиксерси“ беа елиминирани од „Рапторси“ во седум натпревари и тоа веднаш предизвика шпекулации во врска со иднината на Брет Браун. Сепак, по последниот состанок на раководството, било решено, 58-годишниот тренер да продолжи да работи на неговата позиција.

Браун ја тренира Филаделфија од 2013 година и досега има ефект од 178 победи и 314 порази. Неговиот тим во последните две сезони секогаш завршуваше со позитивен биланс и играше во плеј-офот.

Share.

Leave A Reply