Формула 1 ќе користи современа технологија за да прикаже на телевизиската графика каква е веројатноста да се случи претекнување за време на трките во новата сезона во 2019-та година. Техничкиот директор на Ф1, Рос Браун, ги претстави новите визуелни елементи кои ќе ги направат ТВ преноси многу поинтересни. Најинтересен од нив е делот кога кога двајца пилоти се борат за позиција.
„Гумите можат да имаат пресудна улога. Сега благодарение на софтверот кој комбинира податоци во живо, можеме да предвидиме што може да се случи. Добро е што тимовите ќе ги немаат тие податоци а ние како Формула 1, ќе можеме да направиме досега невидена споредба” – вели Браун.
Друг новитет е што ќе имаме јасни информации за гумите и нивното загревање. Таа технологија досега беше достапна само за тимовите, но, сега ќе можеме да им ја покажеме на гледачите со што ќе им помогнеме да дознаат дали натпреварувачот има проблеми или може да се справи со ситуацијата“ – потенцирал Браун.