Браун : направивме екстремен потег

0

Рос Браун се надева дека во иднина во календарот на Формула 1 нема да има три врзани трки како што ќе биде случај во наредната сезона.

Тој објасни дека организаторите сакале да го избегнат тоа, но, поради светското првенство во фудбал практично било невозможно. Познато е дека во 2018-та ќе има вкупно 21 трка а тимовите и пилотите ќе треба да поминат три последователни недели – во Франција, Австрија и Велика Британија што ќе претставува голем трошок и пред се напор за сите инволвирани. Браун се надева дека тоа нема да се случи повторно.

„Светското првенство во фудбал не стави пред проблеми. Финалето е попладнето и нема да е фер истиот викенд да правиме трка. Единствениот начин да го решиме беше да ставиме три последователни круга, но, тоа не сакаме да се повтори во иднина. Тоа беше екстремна мерка“ вели Браун.

 

Share.

Leave A Reply