Браун: Не смее да се наруши интегритетот на Ф1

0

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, истакна дека за зголемување на атрактивноста на натпреварувањето не треба да се наруши интегритетот на Ф1 натпреварувањето.

„Мислам дека ако зборуваме за успех, тогаш ова е интегритетот на овој спорт. Ова е многу важна работа. За да се зголеми интересот на навивачите, неопходно е да одржува интегритетот на спортот. Треба да пронајдете начини за привлекување на нови фанови, но не преку нарушување на правилата на спортот. Со скратување на времетраењето на трките за половина час нема да добиеме ништо. Сега трките во Формула 1 имаат одлично времетраење“, смета Браун.

Share.

Leave A Reply