Бразилецот е задоволен на „Стемфорд Бриџ“

0

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Вилијан, верува дека наскоро ќе потпише нов договор бидејќи тековниот му истекува по крајот на сезоната.

„Неколку пати реков дека сакам да останам во Челзи. Многу го сакам клубот. Се чувствувам  добро тука заедно со моето семејство. Ние сакаме да живееме во Лондон. Сега во средината на сезоната не сакам да размислувам за договорот. Мојот агент и клубот ќе преговараат и се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести “ – рече Вилијан.

31-годишниот Бразилец кој го облече дресот на „сините“ во 2013 година, во тековнава сезона има одиграно 15 натпревари во Премиер лигата со ефект од 2 гола и 3 асистенции.

Share.

Leave A Reply