Фудбалерите на Реал Мадрид вчера загубија на домашен терен од Манчестер Сити со 2 спрема 1 а младиот фудбалер на „кралевите“, Винициус Жуниор , јавно негодува поради судењето.
„Габриел Жезус направи фаул при првиот гол и тоа сите го видоа. Имаме ВАР, но, судијата не сакаше да оди за да ја види снимката. Беше јасно што се случи. Судиите секогаш носат одлуки на наша штета“ -истакна младиот бразилец.
Дуелот на „Сантијаго Бернабе“ го водеше Италијанецот, Даниеле Орсато.