Бразилецот Оскар има желба кариерата да ја заврши во Челзи

0

Бразилскиот фудбалер Оскар, кој сега го носи дресот на кинески Шангај СИПГ, призна дека би сакал да ја заврши кариерата во неговиот поранешен клуб, Челзи.

„Не размислувам за напуштање на Кина. Тука имаат одличен проект, но до крајот на мојата кариера сакам да се вратам во Челзи. Изградив убава историја во Премиер лигата, дојдов многу млад, во време кога навивачите навистина не веруваа во бразилските играчи. Помогнав да се смени тоа. Кога стареам, сакам да го повторам овој чекор. Сè уште играм одлично, имам добра статистика, треба да има место за мене во Челзи”, вели 29-годишниот фудбалер на кинскиот тим.

Share.

Leave A Reply