Бразилецот полека се враќа во ритам

0

Првиот голман на фудбалскиот состав Ливерпул, Алисон Бекер, реализира  дополнителни тренинзи за да се подготви за враќање во игра.

Бразилецот кој се повреди во првото коло во Премиер лигата, најверојатно ќе може да брани на  дербито со Манчестер Јунајтед кое ќе биде реалзирано на 20 октомври на „Олд Трафорд“. Враќањето на Алисон автоматски ќе значи дека вториот голман Адријан кој остави многу добар впечаток во првите осум кола од Премиер лигата сега ќе се пресели на клупата.

Фудбалерите од средниот ред на „црвените“, Адам Лалана и Алекс Окслејд-Чемберлен исто така се во посебна фаза на рехабилитација и најверојатно ќе бидат подготвени за мечот со Манчестер Јунајтед.

 

Share.

Leave A Reply