Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, јавно порача дека нема намера да си замине од Франција иако за неговите услуги беше заинтересиран составот на Реал Мадрид кој во изминатата сезона ги елиминираше „светците“ во осминафиналето во ЛШ.
„ Останувам тука. Имам договор со ПСЖ и тука сум за нови предизвици и поголеми цели. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона.“ – изјави репрезентативецот на Бразил кој во финишот на изминатата сезона заработи потешка повреда и мораше да пропушти дел од средбите.
Речиси во истовреме и составот од Шпанија испрати соопштение во кое беше потенцирано дека воопшто не испратил понуда за Нејмар.