Бразил се уште нема потврда дека ќе биде домаќин на Ф1 трка и по истекот на актуелниот договор. Тоа ги отвори шпекулациите дека Бразилското ГП може да излезе од календарот по 2020 година. Сегашниот договор за трката на Интерлагос е до 2020 година, а засега нема индиции дека истиот ќе биде продолжен.
Причината поради која договорот не може да се обнови е високата цена за која градот ја бара за функционирање на патеката Интерлагос, каде што се одржува бразилската трка во Формула 1.
Ако Бразил излезе од трката, голема е веројатноста на нејзино место веднаш да се вметне трката за ГН на Виетнам, која веќе беше промовирана како една од новите трки по 2020 година.