Бреша го отпушти Гросо и го врати Корини

0

Новајлијата во Серија А, Бреша го отпушти својот тренер Фабио Гросо, по низата лоши резултати и зацврстувањето на дното на табелата.

На официјалната веб страна на клубот се наведува и дека поранешниот репрезентативец е заменет со Еугенио Корини, кој претходно беше тренер на Бреша пред Гросо да го преземе тимот и сега се враќа повторно на клупата на оваа екипа.

Бреша загуби со 0:3 од соседите Аталанта во саботата и има само 7 бода по 13 одиграни кола. Фабио Гросо, од друга страна, се обиде да ја скроти ѕвездата Марио Балотели, кој сè уште не може да се пронајде себе си откако се врати во родниот град.

Share.

Leave A Reply