Брестовац го скрати списокот, ги нема Ристовски и Георгиевски

0

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го скрати списокот на 19 ракометари за стартот на подготовките за квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2022 година.

Од поширокиот список нема повеќе ракометари, но она што е забележително е што на списокот нема две познати имиња. Дел од репрезентацијата на првите две средби со Финска и Швајцарија нема да бидат голманот Борко Ристовски и крилото Гоце Георгиевски. Од составот на Вардар има тројца ракометари, тоа се Столе Стоилов, Филип Талески и голманот Марко Кизиќ. Од Металург, пак, повикан е Мартин Серафимов, додека од Еурофарм Пелистер има вкупно шест репрезентативци.

Првиот натпревар Македонија го игра на домашен терен против Финска на 4 ноември, додека три дена подоцна гостува во Цуг кај Швајцарија.

Share.

Leave A Reply