Нашите најдобри ракометари остварија тешка, но, заслужена победа против Украина на стартот на Европското првенство.
Тие во рамките на групата „Б“ во Виена, славеа со 26:25, благодарение на голот на капитенот, Кире Лазаров, постигнат буквално во последната секунда. Веднаш по мечот нашиот селектор, Данило Брестовац, во изјавата за Спортско радио 90,3 вели дека младите ќе мораат да преземат поголема одговорност во моментите кога се решава победникот.
„До самиот крај беше неизвесно, Украинците успеаа да се вратат во игра иако ние го контролираме мечот. Мислам дека ќе треба поголема храброст кај помладите иако денеска покажаа голема борбеност. Ќе треба да направиме добар анализа“ – вели нашиот селектор.