Брестовац: Мора да одиграме многу подобро

0

Нашиот селектор, Данило Брестовац, верува дека неговите избраници ќе успеат да дојдат до поволен резултат на утрешниот меч со Австрија и дека ќе останат на Европското ракометно првенство.

„Пред шампионатот бев скептичен околу нашата игра во одбраната посебно што останавме без Марковски. Сега се покажа дека тоа ни е подобрата страна. Неочекувано имаме многу проблеми во нападот, избрзани шутеви и нерезонски додавања“ – вели Брестовац.

„Нашата цел ќе биде да ги спуштиме Австријците до 24-25 гола за да можеме евентуално и со послаб напад да дојдеме до посакуваната победа“ – вели нашиот селектор.

 

Share.

Leave A Reply