Брестовац: Мора да покажеме дека сме за нијанса подобри од минатиот меч

0

Само ден по мечот со Железничар и новиот пораз во СЕХА лигата, екипата на Металург се подготвува за новиот дуел од 7. коло со екипата на Татран Прешов.

„Настапите во СЕХА и ЛШ веќе си земаат данок. Влеговме во лош ритам, но сега имаме три тренинзи да се подготвиме, за во што подобро светло да се покажеме в сабота. Мора да го подобриме нивото на играта, затоа што пред нас има поквалитетен ривал од Железничар. На овој меч мора да покажеме дека сме за нијанса подобри од последниот меч кој го игравме со нив“, изјави Брестовац.

Дуелот се игра в сабота во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20.15 часот.

Share.

Leave A Reply