Брестовац нема многу време за експериментирање

0

Македонските ракометари во краток период ќе ги одработат мини-тренинзите пред мечот со Исланд закажан за в среда на теренот на противникот. Новиот селектор, Данило Брестовац, нема да прави големи промени и ќе настапи со проверени сили.

„Нема да бидеме комплетни на подготовките, Дејан Манасков, кој има непријатна повреда ќе допатува диркетно во Рејкјавик додека Гоце Георгиевски се соочи со проблеми околу патувањето до Скопје. Имаме навистина мал период за подготовка и затоа ќе се обидеме да работиме главно на техничко – тактички детали“ – изјави Брестовац на денешниот собир во Х. Александар Палас.

„На секоја средба ќе одиме на добар резултат и на победа. Мислам дека со новиот систем на квалификации ќе ни се овозможи и порелаксиран пристап кон мечевите. Ќе работиме напорно да ја подобриме одбраната која треба да ни донесе и лесни голови преку контра напади“ – нагласи Брестовац.

Share.

Leave A Reply