Брестовац одреди 16 патници за кадетскиот ЕХФ-шампионат

0

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија кон крајот на неделава во Грузија ќе го започне настапот на ЕХФ-шампионатот. Селекторот Данило Брестовац, кој направи одличен резултат со младинската селекција, освојувајќи го првото место на шампионатот во Скопје, сега ќе се обиде да го повтори подвигот исо кадетите во Грузија.

Тој вчера го објави конечниот список на патници на ова првенство во кој се најдоа: Голмани: Марко Кизиќ (Вардар Ј), Виктор Василевски (Металург 2), Леви крила: Дарко Кондев (Металург 2), Марко Божиновски (Металург 2), Десни крила: Ален Ќосевски (Вардар), Ненад Костески (Струга), Леви бекови: Теодор Тодески (Прилеп), Игор Ѓоргиев (Вардар), Средни бекови: Мартин Карапалески (Вардар Ј), Бобан Каковски (Работник), Дејан Џигероски (КЛ7), Десни бекови: Мартин Серафимов (Металург), Васил Витанов (Борец), Пикери: Кристијан Симоноски (КЛ7), Кристијан Анѓелковски (Вардар Ј), Андреј Митиќ (Металург 2).

Македонија е дел од групата „А“ каде за противници ќе ги има и Луксембург, Литванија, Швајцарија, Естонија и Фарските острови.

Share.

Leave A Reply