Брестовац: Позитивно е што добро игравме цел меч

0

Металург синоќа го одигра еден од своите најдобри натпревари во тековната сезона, но не успеа да ја оствари првата победа над екипата на Вардар. Иако во голем дел од мечот беа во предност, „металурзите“ на крајот не го издржаа притисокот и минимално загубија од бранителот на титулата во СЕХА Газпром лигата.

„Му честитам на Вардар за победата. Можеби одигравме добро во континуитет, но имавме некои непотребни техничко-тактички грешки. Не знам, можеби сме млади се уште, па тешко се одржува дисциплината. Ми пречеше и последниот напад, вчера дури и го вежбавме на тренинг, како да знаевме дека ќе се случи, но ете. Она што може да го извлечам како позитивно е тоа што имавме континуитет во цел натпревар“, изјави по мечот тренерот на Металург, Данило Брестовац.

Share.

Leave A Reply