Британецот го запоседна врвот на АТП

0

Енди Марej со освоената титула на тенискиот Мастерс во Париз дојде и до првата позиција на АТП листата на најдобрите светски тенисери.

„Можеби на првото место на АТП листата ќе бидам само една недела, па затоа сега ќе уживам. Можам да го загубам првото место на завршниот турнир и никогаш повеќе да не бидам број еден. Се чувствувам многу поинаку за разлика кога триумфирав на ОИ или на Грен слемовите, -посочил Марej.

Последниот сезонски турнир на кој Мареј ќе треба да ја брани предноста во однос на Ѓоковиќ ќе биде реализиран во Лондон од 13 до 20 ноември.

Share.

Leave A Reply