Британецот ќе се насочи само кон маратонските трки

0

Мо Фара кој има четири златни медали од Олимписките игри, ќе учествува на маратонот во Лондон во 2019 година, објавија организаторите.

За 35-годишниот атлетичар тоа ќе биде третото појавување на патеката во британскиот главен град. Фара до крајот на кариерата има намера целосно да се посвети на маратонот. Тој во април годинава на маратонот во Лондон заврши на третата позиција со време од 2 часа, 6 минути, 21 секунди.

Во септември, Фара го собори европскиот рекорд на маратонот во Чикаго откако го претрча за 2 часа, 5 минути и 11 секунди.

Share.

Leave A Reply