Британецот направи голем чекор кон шампионскиот пехар

0

Луис Хамилтон потврди дека се наоѓа во одлична форма откако победи и на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Сингапур. Британецот во болидот на Мерцедес со одлична стратегија на патеката – „Марина Беј“, максимално ја искористи пол-позицијата и стигна до првото место.

Холанѓанецот Макс Верстапен со болидот на Ред Бул се искачи на втората позиција на пиедесталот додека Германецот, Себастијан Фетел со возилото на Ферари, трката ја заврши на третото место.  Ботас заврши четврти пред Кими Раиконен и Даниел Рикиардо додека првите 10 ги комплетираа Алонсо, Саинц, Леклерк и Хулкенберг.

Хамилтон со денешната победа има 281 бод додека Себастијан Фетел дпсега собра 241. На третата позција се наоѓа Кими Раиконен со 174 бодови и без шанси за се вмеша во трката за титулата. Кај конструкторите Мерцедес  го држи првото место со 452 бода пред Ферари со 415. Наредната трка ќе биде реализирана во Русија на 30 септември.

 

Share.

Leave A Reply