Британецот немаше проблеми оствари лесна победа

0

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес, е победник на денешната трка возена на Хунгароринг за Големата награда на Унгарија. Второто место му припадна на Макс Верстапен од тимот на Ред Бул додека трет резултат обезбеди вториот член на Мерцедес, Валтери Ботас.

Во  Топ 5 влегоа и Ленс Строл од Рејсинг поинт и Алекс Албон од Ред Бул додека зад нив трката ја завршија: Фетел, Перез, Рикардо, Магнусен и Сајнц.По три сезонски трки Хамилтон е лидер кај возачите со 63 бодови пред Ботас кој има 61.

Хамилтон кој има 85 победи се приближи на само шест до рекордот на Михаел Шумахер. Наредната трка ќе биде возена на 1 август на патеката -„Силверстон“ во Велика Британија.

 

 

Share.

Leave A Reply