Луис Хамилтон, ја продолжи доминацијата на Мерцедес во Формула 1 шампионатот откако победи на денешната трка возена за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг.
Младиот Макс Верстапен со болидот на Ред Бул иако водеше 20 круга мораше да се задоволи со втората позиција додека третата му припадна на Себастијан Фетел од Ферари кој во самиот финиш го помина тимскиот колега Чарлс Леклер. Бодови уште освоија и Карлос Саинц, Пјер Гасли, Кими Раиконен, Валтери Ботас, Ландо Норис и Алекс Албон.
Хамилтон во генералниот пласман има 250 бодови, втор е Валери Ботас со 188 а трет Верстапен со 181. Наредната трка ќе се вози во Белгија на .