Британецот се израдува на третата победа во Монако

0

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, успеа да победи на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Монако.

Британецот во крајно драматичен финиш го издржа притисокот од Макс Ферстапен кој пак, поради инцидентот во еден свиок токму со победникот, заработи казна и трката ја заврши на четвртото место. Заедно со Хамилтон на победничкиот пидестал се искачија и Себастијан Фетел и Валтери Ботас. Бодови освоија уште и Гасли, Саинц, Квјат, Албот, Грожан и Рикардо.

Хамилтон е лидер кај возачите со 137 бодови пред Ботас со 120 и Фетел со 92 бода. Кај конструкторите лидер е Мерцедес со 257 бодови пред Ферари со 139 и Ред Бул кој има 110 бодови.

 

 

 

Share.

Leave A Reply