Брнабиќ: Ѓоковиќ не е виновен за случувањата

0

Новак Ѓоковиќ кој доби лавина на критики поради организацијата на турнирите во Белград и Хрватска кога повеќе лица беа заразени со ковид 19 вклучувајќи го и српскиот ас, доби поддршка од Владата на нашиот северен сосед.

Премиерката, Ана Брнабиќ,  му се заблагодари на најдобриот тенисер на денешницата за неговата намера а вината ја префрли на Владата и нејзините одлуки да се намалат мерките на претпазливост.

„Виновна е Владата за намалените мерки на претпазливост а не Новак Ѓоковиќ. Ја користам приликава да им се извинам на сите кои се почувствуваа загрозени за време на турнирите“ – изјави Брнабиќ.

 

Share.

Leave A Reply