„Бронзениот“ Могамедгаџи Нуров на прием во АМС

0

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и освојувањето норма за Летните Олимписки игри Токио 2020, денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт(АМС), беше одржана прес-конференција на која директорот на АМС, Дарко Каевски зборуваше за големиот успех на Могамедгаџи Нуров и за она што АМС го прави за враќањето на борењето на старите патеки.

„Би сакал да му го честитам бронзениот медал на Нуров, како и исполнетата олимписка норма. Драго ми е што по 12 години еден наш борач има остварено олимписка норма, и се надевам дека ова ќе биде дополнителен импулс и мотив за останатите наши натпреварувачи кои се борат за олимписка норма. Бележиме добри резултати во борењето и во неколку други спортови и се надевам дека ќе имаме уште подобри резултати“ истакна Каевски.

На прес-конференцијата беа присутни претседателот на Боречка федерација, Бетим Вренези и освојувачот на бронзениот медал, Могамедгаџи Нуров.

Освојувачот на бронзениот медал од ова СП истакна дека не било воопшто лесно да се стигне до медал, но се заблагодари на поддршката која ја добил од АМС и МОК за добрите подготовки и остварениот резултат. Уште двајца наши борачи, Владимир Егоров и Фатих Весели допра ќе настапат на силни турнири на кои ќе атакуваат на олимписка норма.

Share.

Leave A Reply