Довчерашниот тренер на екипата на Атланта Хокс, Мајк Буденхолцер ќе стане нов тренер на Милвоки Бакс. 48-годишниот стратег веќе се согласи со раководството на клубот за условите од 4-годишниот договор.
Претходно беше објавено дека Буденхолцер вече имал средба со една од најголемите ѕвезди на тимот, Јанис Адетокунпо.
„Бакс“ останаа без главен тренер во јануари 2018 година, кога од позицијата беше отпуштен Џејсон Кид. Буденхолцер ја предводеше Атланта Хокс пет сезони. Под негово водство, клубот четирипати отиде во плеј-офот.