Буфон и Јувентус се договорија за продолжување на соработката

0

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ќе го продолжи договорот со клубот, јавуваат италијанските медиуми.

Според „Тутоспорт“, 42-годишниот чувар на мрежата се согласил на нов договор до јуни 2021 година. За време на оваа сезона, Буфон има 11 натпревари за Јувентус во кои тој има примено 9 гола.

Голманот игра за овој клуб од 2001 година со пауза за сезоната 2018/2019, кога го носеше дресот на францускиот шампион ПСЖ. Легендата на италијанскиот фудбал останува и понатаму во Јувентус со една голема желба , да дојде до трофеј во Лигата на шампионите.

Share.

Leave A Reply