Буфон нема да се повлече од репрезентацијата на Италија

0

Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација Луиџи Ди Бјаџо успеа да го убеди Џанлуиџи Буфон да одигра неколку пријателски натпревари за неговата земја.

40-годишниот голман ја промени својата одлука да се повлече на крајот од сезоната и има намера да игра пред Европското првенство во 2020 година. Буфон сака да го подобри рекордот на Паоло Малдини за бројот на натпреварите во Серија А (647) и да го надмине Ахмед Хасан со бројот на настапи во националните тимови (184).

Share.

Leave A Reply