Буфон соборува рекорди

0

Голманот на фудбалскиот состав Јувентус, Џанлуиџи Буфон, уште еднаш се запиша во историјата на Серија „А“.

Тој со 42 години и 9 месеци стана рекордер по бројот на настапи. Буфон на вчерашниот меч на теренот на Кротоне го запиша 650-от настап во најсилната фудбалска конкуренција на – „Чизмата“.

Легендарниот фудбалер на „старата дама“ и на селекцијата на Италија кој дебитираше пред 25 години, има одиграно 917 натпревари во кариерата од кои на 410-ет не примил гол.

 

Share.

Leave A Reply