Буфон сруши уште еден рекорд во Јувентус

0

Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон постави уште еден рекорд во дресот на „бјанконерите”.
За време на денешната победа од 1:0 над Сампдорија, Буфон дојде до 39 681 минути за Јувентус во италијанската Серија А, што го искалија на врвот во клупската историја.

Зад Џиџи остануваат дури легенди на клубот како Алесандро Дел Пиеро и Дино Ѕоф. Буфон ја започна својата серија во далечната 2001 година, кога го напушти тимот на Парма.

Постигнувањето на 39-годишниот голман можеше да биде уште по импресивно, ако не беше скандалот „Калчополи”. Буфон сепак остана верен на „старата дама” и гордо го носеше дресот на тимот во Серија Б во сезоната 2006/07.

Share.

Leave A Reply