Александар Царчев кој работи со голманите: Митревски, Томовски и Кизиќ во нашата машка ракометна репрезентација, објави по пат на социјалните мрежи дека е позитивен на ковид-19.
Тој во наредниот период ќе биде во изолација и нема да може да се вклучи во подготовките за претстојните квалификациски дуели.
Македонија на 4 ноември ќе ја пречека Финска а три дена потоа ќе оди на гости во Швајцарија.