Цедевита ќе има нов тренер

0

Сито Алонсо повторно остана без работа откако ја прекина соработката со хравтскиот кошаркарски состав Цедевита.

Луѓето од Загреб не беа задоволни од досегашната работа на кошаркарскиот тренер по што одлучија да му врачат отказ. Хрватскиот состав  во првите осум сезонски натпревари забележа 3 победи и 5 порази.

Покрај Алонсо, клубот ќе го напуштат и Матеј Мамич, кој ја имаше позицијата генерален менаџер. На неговото место ќе седне  поранешниот тренер на Цедевита, Вељко Мршиќ, додека на тренерската позиција ќе застане Славен Римац кој работеше со младинскиот погон на екипата.

Share.

Leave A Reply