Тотенхем веројатно ќе ја продаде својата ѕвезда Кристијан Ериксен, а тоа ќе биде со многу мала сума од 30 милиони фунти, пренесува британски „Мирор“.
Според весникот, Тотенхем може да ги преземе овие дејствија и да излезат од ќор-сокак. Кога клубовите започнаа да прашуваат за Данецот на крајот на минатата сезона, претседателот на оваа екипа, Даниел Леви, објави дека цаната за овој играч е 60 милиони фунти.
Цената на играчот од средниот ред падна на 50 милиони овој месец, но никој од кандидатите не е подготвен да плати толку многу. Ова може да го принуди раководството на Тотенхем да го продаде сега, бидејќи Ериксен не сака да преговара за нов договор. Доколку нема нов договор, Тотенхем ризикува да го загуби Ериксен следното лето без да добие никакво обештетување за него.