Фудбалерот на Милан, Хакан Чалханоглу, нема намера да ја продолжи соработката со тимот од Милано доколку не му се исполнат пред се финансиските побарувања.
Турчинот кој заработува 2,5 милиони евра, сака да му се зголеми платата на седум додека „росонерите“ остануваат на понудата од 5 милииони по сезона. Бидејќи 26-годишниот играч ја одработува последната година од договорот, постојат реални шанси тој да си замине од клубот доколку добие поволна понуда.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус ги направил првите контакти со неговиот агент и дека луѓето од Торино се расположени да му ги исполнат барањата.