Емре Чан во јануари ќе си замине од редовите на Јувентус а дури три екипи се заинтересирани за неговиот потпис, најавуваат медиумите на „Чизмата“.
Според „Калчо-меркато“, Германскиот фудбалер го посакуваат ПСЖ, Баерн Минхен и Барселона, но, првата понуда ја добил од Реал Бетис, кој е дел од Примера Дивизион. Се проценува дека искусниот фудбалер нема да ја прифати понудата од Шпанија бидејќи сака да заигра во атрактивен состав.
Засега не се споменува трансферната сума што ќе ја побара „старата дама“ од Торино за да го ослободи искусниот фудбалер.