Чаневски ја има одбраната на колото во ЛШ (ВИДЕО)

0

Голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски, ја има најдобрата одбрана во 9. коло од Лигата на шампионите на ЕХФ. Во традиционалниот неделен пресек на најинтересните моменти на натпреварите одиграни во тековното коло, една од успешните интервенции на голманите на Еурофарм Работник се најде на првото место во изборот на најдобри интервенции.  ЛИНК

Во изборот на најубави голови, место има за уште еден ракометар на битолскиот тим. Имено „бомбардерот“ Ловро Јотиќ се најде на третото место во изворот на најубави погодоци во тековното коло. Штета за битолчани што го загубија мечот на гостувањето кај Рихимаен Кокс.   ЛИНК

Share.

Leave A Reply