Чападо ја доби довербата на делегатите

0

Поранешниот атлетичар во трискок, Раул Чападо, е избран за 21-виот претседател на Шпанската атлетска федерација. 46-годишниот Чападо го победи во гласањето со 105 спрема 48 единствениот против-кандидат за функцијата, Исидор Орниос.

Поранешниот член на Советот на Европската атлетика и актуелен благајник на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF), Хозе Марија Одриозола, одлучи да не се кандидира за функцијата откако беше на чело на федерацијата од 1989 година.

Чападо кој е 15-кратен шампион на Шпанија, сеуште го држи националниот рекорд во трискок во сала со 16.87 метри. Чападо беше дел од Шпанија на Светските првенства во 1997 и 1999 година како и на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година.Тој ги бранеше боите на „црвената фурија“ и на шампионатот на Стариот континент во 1998 година и на уште два такви форума во сала.

Share.

Leave A Reply