Чави со шести трофеј како тренер во Катар

0

Катарскиот тим Ал-Сад, чиј тренер е легенда на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернандез, стана шампион на Катар. Ал Сад го победи Ум-Салал со 3:0 како гостин во натпревар од 18-тото коло на шампионатот на Катар.

Така, Ал-Сад е недостижен на врвот на табелата со 16 победи и 2 нерешени натпревари, а оваа екипа има импресивна гол разлика 69:12.

Ова е шести трофеј за Чави во неговата тренерска кариера. Поранешниот играч за врска на Барселона го презеде Ал-Сад во мај 2019 година.

Share.

Leave A Reply