Чеферин доаѓа во посета на ФФМ

0

Фудбалската федерација на Македонија најави дека в четврток во посета на нашата „Куќа на фудбалот“ доаѓа првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. Претседателот на УЕФА ќе биде специјален гостин на ФФМ на официјалното отворање на сместувачкиот капацитет во рамки на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Новиот капитален објект на ФФМ ќе биде пуштен во употреба со целосно опремени 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.

Share.

Leave A Reply