Чеферин и Инфантино му честитаа на Сејдини

0

Меѓу бројните честитки од европското и светското фудбалско семејство упатени за Муамед Сејдини по повод изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, се истакнуваат зборовите на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Драг претседателе, би сакал искрено да ви честитам и да изразам најдобри желби по повод вашиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија за периодот од 2019 – 2021 година.

Уверени сме дека вашето знаење, лидерство и искуство претходно и како в.д. претседател на ФФМ, потпретседател и член на Управниот одбор на федерацијата, секако ќе има позитивно влијание за понатамошниот развој на фудбалската игра во вашата држава. Вие секогаш може да сметате на моја лична поддршка и секако поддршка од ФИФА сѐ со цел да го остварите зацртаното. Вратите на нашата организација секогаш ќе ви бидат отворени за разговори кои можат да придонесат за развој на нашата игра.

Имам чест да ве поканам во Цирих и се радувам за нашата следна средба. На Вас и на целиот тим ви посакувам многу среќа, сила и успех во следните предизвици, стои во дописот од Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.

Share.

Leave A Reply