Чеферин, Ван Бастен и други високи гости од УЕФА доаѓаат во Скопје

0

Фудбалската федерација на Македонија вчера го најави пуштањето во употреба на вториот дел од „Куќата на фудбалот“ во кој треба да бидат сместени 30 двокреветни соби, апартмани, училници, сала за состаноци, трпезарија и кујна за потребите на академијата, но и за помладите репрезентатвици.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски во разговорот за Спортското радио 90,3 ФМ  уште еднаш истакна дека со ова се потврдува заложбата на ФФМ за обезбедување на услови на младите фудбалери од академијата при ФФМ.

„Ова е потврда дека нашата заложба за инвестирање во развојот на младите категории е вистинската инвестиција за унапредување на фудбалот во Македонија. Со завршувањето на овој проект, ФФМ ќе овозможи на децата кој се дел од фудбалската академија при ФФМ да имаат идеални услови за работа, образование, исхрана и се што е потребно за нивниот правилен развој како фудбалери и личности. Како потврда на нашата работа и реализацијата на овој проект, на отварањето во четврток ни доаѓа претседателот на УЕФА Александар Чеферин, а како дел од делегацијата на УЕФА ќе биде и фудбалската легенда Марко Ван Бастен што е голема чест за нас“ истакна Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ.

ФФМ во четврток и официјално ќе го пушти во употреба вториот дел од „Куќата на фудбалот“ со што ќе биде комплетиран и овок дел од тренинг центарот „Петар Милошевски’.

Целиот разговор со генералниот секретар Филип Поповски ќе можете да го слушнете во емисијата „Фудбалот пред се“ со почеток од 16 часот на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

Share.

Leave A Reply