Чеферин: „Верувам во Португалија и нема потреба од план-Б“

0

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги коментираше информациите за ново појавување на инфекција со коронавирусот во Португалија.

Неколку градови северно од Лисабон, градот каде планираат да се игра завршниот дел од сезоната во Лигата на шампионите, ќе бидат ставени во карантин заради КОВИД-19. Исто така, масовните настани ќе бидат забранети таму.

„Би сакал да му се заблагодарам на премиерот на Португалија, Антонио Коста, за неговата посветеност на овој проект и работата што ја прави заедно со Португалската фудбалска федерација за да се обезбеди дека Португалија ќе има успешен турнир. Сигурен сум дека со постојана соработка помеѓу сите заинтересирани страни, позитивно ќе ја завршиме сезоната во Лисабон. Нема потреба од план Б“, изјави Александар Чеферин.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се игра во формат на „Ф8“ во Лисабон од 12 до 23 август. Ќе се одиграат по еден натпревар меѓу екипите и подобриот ќе се пласира во следната фаза од ЛШ.

Share.

Leave A Reply