Голманот на фудбалскиот состав Арсенал, Петер Чех, потенцира дека неговиот тим треба да научи како се освојуваат титули во Англија во Премиер лигата. Ветеранот има интересно размислување кое го сподели пред новинарите.
„Секој клуб што освојува пехари има визија и стратегија. Арсенал ништо не освоил 10 години и тоа треба да се промени. Сега со новиот тренер работиме максимално напорно за да ја освоиме титулата“ – вели Чех.
„Мислам дека мора да го промениме и пристапот. Понекогаш мора да победиш и со лоша игра. Треба да поведеш 1-0 и да ги затвориш сите приоди кон голот. Мислам дека тоа ни недостасуваше во последниве три години откако сум јас во тимот ” – изјави Чех.