Чехот му кажа збогум на тенисот

0

Томаш Бердих, поранешниот светски рекет број 4, се повлече од тениските терени по скромната церемонија реализирана во лондонската сала О2 во која се оддржа завршниот сезонски АТП турнир.

Триесет и четири годишниот Чех кој во последниве две години имаше одредени проблеми со грбот, се определи да се повлече од активно играње на тенис.

Бердих во 17-годишната кариера победи на 13 АТП турнири меѓу кои влегува и  „Мастерсот” во Париз во 2005 година.

Share.

Leave A Reply