Чекањето заврши ! Кристијано Роналдо денес дебитира за Јувентус

0

Новото засилување на Јувентус Кристијано Роналдо ќе ги одигра првите минути во „црно-белиот“ дрес денес на традиционалниот натпревар со Примавера (младинскиот тим) на „старата дама” пред стартот на сезоната во Серија „А”.

Традицијата продолжува, овој настан започна во далечната 1955 година. Дуелот меѓу репрезентативниот тим на Јувентус и Примавера се одржува во малото гратче Вилар Пероза што е со население од 4 184 лица.

Интересен факт е дека тоа е родното место, а воедно таму е вилата на претседателот на тимот Андреа Ањели.  Денес на претставувањето на „бјанконерите” се очекуваат 5.000 навивачите, а оваа година мерките за безбедност ќе се огромни, а главната причина е Кристијано Роналдо, кој ќе биде во центарот на вниманието.

Share.

Leave A Reply